Денешниот начин на однесување на деловниот свет бара квалитетна, брза и навремена Интернет комуникација. Притоа само точната и навремена информација може да ви донесе профит.
Проблемот лежи во тоа што сите статични сајтови не нудат доволно корисни информации. Карактеристично за нив е што бараат дополнителни напори за ажурирање на информациите со обврска за вработување на програмер, што претставува долг процес за освежување на информациите. Веб порталот е сајт кој нуди навремени, корисни, различни по природа информации и услуги, се со цел да го задржи вниманието на посетителите.
Веб Архитект претставува решение за современ Веб портал кој им дозволува on-line пристап на вработените, купувачите, граѓаните и партнерите до корпоративните содржини, податоци и услуги.
Со помош на Веб Архитект, вашето решение ќе ги има следните придобивки:
- Секогаш навремено публикувани информации
- Модерен дизајн и лесно управување
- Едноставен модел за комуникација со купувачите, партнерите и вработените
- Маркетинг алатка за испитување на јавното мислење
- Лесно пресликување на Вашите промоциите на Веб сајтот
Започнувајќи со моќна алатка како Веб Архитект, добивате солидна основа да ги задоволите потребите на сопствените корисници, партнери и колеги со напредно решение за анализа, маркетинг и e-commerce функционалности.
Градете и негувајте ги односите преку ефективно онлајн решение.
Брзо зголемете го присуство на пазарот со е-бизнис решение кое е флексибилно од секој аспект.
Зголемете ја деловната флексибилност со овозможено онлајн менување и поставување на промотивни кампањи и портфолио на вашите продукти и услуги.
Намалете ги трошоците преку оптимизирана интеграција со вашите постоечки системи и глобалните онлајн сервиси.