Опис на клучните функционалности
Веб Архитект претставува решение кое овозможува управување од сите аспекти над тековниот сајт. Во продолжение следи опис на клучните функционалности на решението.
Администраторски концепт. Концепт на Веб Архитект се сведува на администраторски лица без програмерски способности, кои би можеле да состават комплетно оригинален и моќен динамички портал. Тие ќе можат да креираат нови страници на сајтот, користејќи предефинирани типови на содржини (модули) како што се: вести, слики, линкови, контакт формулари, дискусии, настани итн. Исто така можат да креираат посебни делови од својот сајт за посебна група на корисници, која исто така можат сами да ја дефинираат и воедно да го дефинираат членството во таа група на корисници.
Комплетно скалабилен и надградлив. Прикладен е за различни потреби – од мали сајтови до големи корпоративни проекти. Модуларна изведба на решението со чија помош се изготвува вистинското решение. Во случај на дополнување на решението со нов модул, се доплаќа само цената за новиот модул.
Приоритет на сигурноста. Вградена валидација и енкрипција на осетливи податоци.
Комплетно прилагодлив. Содржинските промени на порталот може да се прават во секое време со помош на Интернет и Internet Explorer. Во секое време можете да ја поставите најновата вест или одредена промоција на насловната страна на сајтот без потреба од интервенција на производителот на софтверот.
Комплетно локализиран. Веб Архитект поседува вградена логика на повеќе-јазична локализација, која овозможува лесна употреба на јазичните варијанти на сајтот. Во моментот постои превод за Македонски, Албански, Англиски и Германски јазик.
Кориснички ориентиран изглед. Интуитивниот кориснички интерфејс дозволува лесно изведување на комплексни операции.
Најнова технологија. Изграден е на најновата Microsoft ASP.NET технологија и работи на SQL Server платформа.