ДОМА  МАПА НА САЈТОТ  КОНТАКТ
 

Во медиумите
Последни проекти
Официјален сајт на град Скопје
Авицена дијагностика
Акцент Медиа
Табак Осигурување
Шпиц


   

Изјави на корисници
15.07.2005
Мики П. Цапов, Веб Едитор на Канал 5
Веб Архитект е идеално решение за порталот на Канал 5 Телевизија затоа што ни овозможи нашиот медиум од класичен електронски медиум да го промовираме и во on-linе медиум преку навремено и прецизно информирање за секојдневните случувања во нашата држава и светот како и за програмата што ја емитува Канал 5.

Тимот на Веб Архитект одлично го изведе ова, преку обуките, советите и вложениот напор. Соработка што ја имаме е гаранција за уште подобри резултати.   повеќе ...
30.06.2005
Билјана Клопчевска, Маркетинг АД Вардар Осигурување
„Вардар Осигурување долго време го спремаше проектот за изготвување на Веб страна која ќе успее да ја долови вредноста на самата компанија. Изборот за тоа кој ќе ја изработува беше лесен, речиси сите кои ги прашавме го препорачаа Логин Системи, компанија која заслужува аплауз за она што го направи.

Нашата веб страна, изработена на платформата на Веб Архитект, е интерактивна страна која им помага на клиентите лесно да ја пронајдат потребната информација. Сега со помош на калкулаторите поставени на нашата страна клиентите можат сами, во секој момент, да ја пресметаат полисата за каско осигурување на моторни возила, за осигурување на домаќинствата и за патничко осигурување што нас како компанија во голема мера не доближува до нашите клиенти.

Во скоро време, кога ќе има услови и потреба, заедно со Логин Системи, планираме да направиме да може да се купуваат полиси онлајн и пријавување на штети онлајн.“   повеќе ...
27.06.2005
Ксенија Милошевска, менаџер на хотел Карпош
„Веб Архитект е идеално решение за нашата Веб страница кое ни овозможува сериозно промовирање на хотелот како и претставување на сите содржини што истиот ги нуди. Со минимално ангажирање успеваме клиентите секогаш навремено и едноствано да ги информираме за сите специјални понуди што хотелот ги нуди особено поради фактот што нашите клиенти се најчесто гости од странство за кои најлесен начин на комуникација е Интернет.“   повеќе ...
17.03.2005
Арсеније Јаневски, претседател на Компас
„Припремена програма, доколку не е правилно и ефикасно презентирана по електронски пат е „само слово на хартија“. Правилниот пристап, изборот на Логин Системи за партнер, професионалната изработка и презентацијата на страната се од големо значење бидејќи само на овој начин може да се очекуваат и позитивни резултати.“   повеќе ...
14.03.2005
Никола Шаровиќ, директор на Палмерс
„Одлуката за Веб Архитект е со цел што подобро да ги информираме потрошувачите за продажната програма што ја нудиме на пазарот, како и во функција на унапредување на нашите маркетиншки и промотивни активности. Успешната соработка ни влева надеж дека во понатамошниот период ќе оствриме одлични резултати.“   повеќе ...
01.03.2005
Хари Шутовски, ГТЗ ПСП
„Досегашната соработка со тимот на Логин системи е извонредна, ориентирана кон клиентите, секогаш брза и ефикасна, почнувајќи од планирањето на порталот до обуката, преку решавање на тековните проблеми, надоградување, помош по телефонски пат и информирање преку електронска пошта.“   повеќе ...
09.02.2005
Мијалче Дургутов, Државен завод за ревизија
На 26.12.2004, Државниот завод за ревизија ја имаше промоцијата на своето ново (редизајнирано) издание, кога е во прашање официјалниот ВЕБ-сајт, односно беше заокружен заедничкиот процес во изградбата на новото решение со помош на Веб Архитект.
Останува забележано дека до промоцијата на новиот (редизијаниран) ВЕБ-сајт на ДЗР, истиот бил посетен од 958 посетители. Бројката на посетителите се однесува за периодот од ноември 2002, па до датумот на официјалната промоција. Фактот дека денес (9 февруари 2005 година) ВЕБ-сајтот на ДЗР има регистрирано 1.594 посетители, е најголема потврда на изјавата дадена за време на промоцијата.   повеќе ...
21.01.2005
Јован Маџовски, Вработување
Тимот на Веб Архитект беше максимално ангажиран во изработката на оваа прва ваква веб страна во Македонија. Темелно ги истражија најпознатите светски веб страни за барање работа и вработени и ги применивме најсовремените искуства во оваа област. Професионалноста и креативноста се гледаат кога треба да се направи нешто што го нема и тука експертите од Логин Системи се покажаа во најдобро светло.   повеќе ...
06.10.2004
Љупка Малиновска
„Благодарение на одличната соработка со Логин Системи, нивната голема професионалност, ефикасност и посветеност на задачата се постигна македонскиот сајт за Citroen C5 да биде меѓу првите три во светот за што добивме и особени честитки од Citroen Automobiles на годишната импортерска конференција во Париз.“   повеќе ...
15.09.2004
Павле Гацов, Про Агенс
Редовно ги актуелизираме содржините на сајтот, поради што падна и бројот на рутинските јавувања, кои ни одземаа време, а се сведуваат на нумерички информации. Му доаѓа нешто слично на банкоматите: Банката не работи, но ти можеш да подигнеш пари бидејќи банкоматот е секогаш подготвен да ти “заврши работа”. Ова својство е идеално за време на годишните одмори, кога сите потребни информации ги има на сајтот, па на секој што му требаат не мора де чека да се вратиме од одмор, туку го користи нашиот “банкомат – www.proagens.com.mk”. Значи сајтот нема работно време бидејќи тој секогаш “е на работа”.   повеќе ...
09.04.2004
Зоран Бојаровски, заменик главен уредник во Форум
„Форум е исклучително задоволен од досегашната работа на новиот вебсајт на Форум, како и од целосната соработка со Логин Системи и нивниот тим. Се работи за исклучително совесни и одговорни професионалци кои ги исполнија сите наши очекувања и рокови.
Уште повеќе, тимот на Логин Системи беше подготвен да реагира и во еден момент кога нашите желби ги надминаа претходните договори.“   повеќе ...
23.03.2004
Мишел Павловски, уредник на Нова Македонија
Потребата да се има електронско издание на весникот не е комерцијална (ќе забележите, на сајтот има минимум реклами) туку повеќе во функција на информирање на светот за настаните кај нас.
Секако, потребата да се има WEB сајт за еден весник е тесно поврзана и со имиџот на изданието. Сепак, живееме во постиндустриско општество во кое Мрежата има сè поголема и позначајна улога.“   повеќе ...
23.03.2004
Лизл Муних, координатор на ПРЕДА
„Главниот предизвик за креирање на Веб сајт за Преда беше да ја преставиме организацијата на пошироката јавност, во Македонија и надвор. За таа цел, го избравме Веб Архитект на Логин системи, бидејќи ние се допадна идејата да имаме еден човек кој ќе биде задолжен за Веб сајтот, ќе може секојдневно и од секаде да го ажурира сајтот без дополнителни ресурси и трошоци.“   повеќе ...
17.11.2003
Мирјана Контеска, портпарол на МВР
„Министерството за внатрешни работи за да ја подобри комуникацијата со граѓаните се одлучи за воведување на нов канал за комуникација преку Интернет со својот Веб сајт.“   повеќе ...
24.10.2003
Николај Томашевски, технички уредник во Капитал
„Апликацијата Веб Архитект за сајтот на Каиптал совршено ја создава рамнотежата на креирање на информации од различни профили и минимално познавање на техниката на веб дизајн, истовремено почитувајќи ги правилата на веб технологијата.
Одличната соработка и комуникација со тимот на Логин Системи кои професионално одговорија на сите наши барања е причина за заедничкиот производ наречен www.kapital.com.mk”.   повеќе ...
24.04.2003
Љубомир Михајловски, Царинска управа на РМ
Ние не сме одлични, не сме ни многу добри, но ние знаеме дека сме на вистинскиот пат. Интернет страницата на Царинската управа е еден мал обид за подобрување на работењето на службата, за зголемување на транспарентноста, за подобра соработка и размена на искуства во царинското работење. Наша цел е создавање на модерна и ефикасна царинска служба.   повеќе ...
29.11.2002
Венко Глигоров, генерален менаџер на Логин Системи
„Практичен е и едноставен за користење. Откако ја поставивме структурата на сајтот, сега секој од вработените може да ја ажурира сопствената информација, што придонесува до богатство на содржини на сајтот. На тој начин обезбедуваме атрактивност на сајтот со што го зголемуваме и подобруваме нашиот бизнис во секој поглед.“   повеќе ...
 
 
 

Изгледот и содржините на овој сајт во целост се изработени со Веб Архитект.
  Copyright ©2002 - 2006 Web Architect® by Login Systems
 
Логин Системи - Развиваме партнерства за заеднички успех