| |

|
|
|
Практични примени
|
|
Во продолжение следат практичните примени на Веб Архитект во одредени сегменти како и кои се предностите од користењето на ова решение.
Веб Архитект за бизниси
Денешната бизнис околина бара ефикасни онлајн сервиси кои помагаат во забрзувањето на бизнис процесот и зголемување на агилноста на бизнисот. Модерните купувачи денес имаат се помалку време за организирање на скапи состаноци и презентации. Затоа дајте му на вашиот бизнис маркетиншка сила како на голема компанија и постигнете го сето тоа од вашиот десктоп.
Веб Архитект ви овозможува 24 часовна on-line презентација на вашата фирма и вашите производи, со можност за градење на една нова, модерна партнерска врска со клиентите, добавувачите и партнерите. Со помош на нашето решение зголемете го профитот и намалете ги трошоците во работењето.
Веб Архитект за корпоративен интранет
Зголемете ја ефикасноста на вработените, поставете единствена платформа која ќе ги обедини сите ваши корпоративни податоци: поставете правилници, процедури и документи за преземање од страна на вработените, овозможете пополнување на on-line формулари и учество во дискусии.
Дозволете информациите транспарентно да протекуваат низ фирмата. Поставете скриени елементи од сајтот наменети само за одредени структури (менаџери, сектори итн.), зголемете ја ефикасноста со максимална продуктивност и намалени трошоци.
Веб Архитект за владини и невладини организации
Остварете навремено и точно информирање преку секојдневно публикување на новости и други важни информации, со што ќе овозможите транспарентност и вклучена јавност. Мислењето на јавноста, нивите предлози, сугестии и критики можат многу лесно да се следат преку разни онлајн форуми, дискусии, прашалници и анкети. Соработката со медиумите и другите јавни институции може да достигне едно ново ниво, преку креирање на посебен дел од Веб сајтот наменет специјално за нив.
Веб Архитект за туристички организации
Остварете ги вашите цели преку реализирање на Интернет презентација со нашето решение за Веб сајт. Информирањето на клиентите и on-line резервирањето за вашите услуги значително ќе се олесни, а вие автоматски ќе работите 24 часа на ден. Промовирајте ги вашите кампањи, овозможете визуелен приказ на производите и услугите.
Веб Архитект за медиуми
Бројот на читателите е од витално значење за секој весник и за секое списание. Веб Архитект може да ви помогне во зголемувањето на бројот на читателите преку реализирање на Вашето електронско издание. На овој начин вие отворате една нова врата, врата на интеракција со читателите кои од било кој дел од светот ќе можат во секој момент да го прочитаат омилениот весник, списание, да остават свои коментари, да ги оценуваат текстовите, да учествуваат во онлајн форуми, дискусии, да контактираат со уредниците и новинарите. Постои можност за креирање на заштитен дел од сајтот каде пристап ќе имаат само претплатниците. Сето ова ќе ви помогне да продолжите да се движите по правилниот курс и да останете на чекор пред конкуренцијата.
Електронските медиуми многу често се потпираат на скапите истражувања за гледаноста или слушаноста од страна на агенциите за истражување на пазарот. Веб Архитект за медиуми значително ги намалува овие трошоци преку организирање на сопствено онлајн истражување на пазарот. Овозможувајќи вистинска интеракција со гледачите и слушателите преку можноста за оставање на коментари, оценувањето на емисиите, репортерите и сл. Веб Архитект за медиуми обезбедува значајни, а пред се евтини, информации за потребите, желбите и барањата на гледачите и слушателите, а од друга страна обезбедува бесплатни информации за гледаноста односно слушаноста на медиумот.
Веб Архитект за автомобилски салони
Вашата основна цел е зголемување на продажбата на вашите производи. Нашата определба е да ви помогнеме во остварувањето на вашите цели со креирање на on-line салон кој работи 24х7, каде купувачите можат во секое време да го одберат својот производ од соништата, да ја одберат дополнителната опрема, функционалност или услуга која сакаат да ја вградат како и да пресметаат колку тоа ќе ги чини. Сето тоа на вам ви дава вредни информации за нивните потреби и желби.
Веб Архитект за Интернет продавници
Во денешно време електронската комерција претставува област која најбрзо се развива во сферата на комерцијалните активности. Луѓето се помалку имаат време да го поминат во купувањето со што се зголемува бројот на потенцијални купувачи кои сакаат да купуваат од дома, пред нивните компјутери. Веб Архитект Ви овозможува креирање на динамична електронска продавница, отворена нон-стоп, каде купувачите лесно можат да го пронајдат производот кој им е потребен, да извршат нарачка и да го добијат за кратко време на нивната врата.
Веб Архитект за градежни фирми
Веб Архитект за градежни фирми претставува една значајна бизнис алатка која овозможува привлекување на потенцијалните клиенти на еден сосема нов начин. Овозможувајќи им на потенцијалните купувачи во секое време да го видат проектот да ја дознаат цената на станот кој им се допаѓа, да ги видат претходните проекти, да прочитаат коментари од вашите задоволни клиенти вие градите една нова врска со потенцијалните клиенти. Од друга страна Веб Архитект овозможува целосна презентација на вашата фирма надвор од границите на нашата држава.
Преку креирање на онлајн презентација на вашата фирма, вашите способности и проектите на кои досега сте работеле, Веб Архитект ви овозможува полесен пробив на странските пазари.
Со Веб Архитект до нови проекти, намалени трошоци и зголемување на профитот.
|
|
|