ДОМА  МАПА НА САЈТОТ  КОНТАКТ
 
Веб Архитект услуги

Кои проблеми ги решаваме
Посетете го овој линк за да ги дознете решенијата на деловните проблеми кои ги нуди Веб Архитект.
Практични примени
Дознајте повеќе за практичната употреба на Веб Архитект.
Повеќе за ...
 

 
   

Оптимизација за пребарувачи
Голем процент на сообраќајот на сајтот е инициран од пребарувачките машини како Google, Yahoo, MSN и др. Иако повторувачките посети најдобро се генерираат со помош на модулот Билтен (Newsletter), сепак пребарувачките машини се највредниот метод за генерирање на нови посети на вашиот сајт.
  
Ова е причина повеќе зошто Веб Архитект ја сваќа оваа оптимизација сериозно. Секој сајт кој го изработуваме е дизајниран за комуникација со пребарувачките машини. Ова ги зголемува шансите да бидете пронајдени од вашата целна група.
  
Раната адаптација на барањата на пребарувачките машини уште во процесот на развој на проектот е круцијална за понатамошниот онлајн успех на веб сајтот. Со проактивното користење на оптимизациоините техники, нашата цел не застанува само на графички дизајн на сајтот туку вложување на максимален напор за подоцнежен успех бидејќи успешна сторија за нас е само доколку е успешна и за клиентот.
  
Со ова ние можеме да ви помогнеме да го зголемите сообраќајот со искoристување на нашите искуства за „отварање“ на вашите врати кон светот. Резултатите се повеќе од изненадувачки. Контактирајте не уште веднаш.
  
Најчесто користени термини за пребарувачките машини
Сите ние сме ги сретнале овие фрази, но што тие навистина значат?
  • Рангирање на популарноста (на сајтот)
    Некои пребарувачки машини редоследот на резултатите го прикажуваат примарно според тоа на колку преостанати сајтови е поставен линк кон вашиот. Ова претставува еден вид на гласање за популарноста на вашата страна, од страна на останатите сајтови. Google е најдобар пример за ова.
     
  • Рангирање на резултатите
    Редоследот во кој се прикажуваат резултатите од пребарувањето пред се зависат од алгоритамот кој го користи пребарувачката машина. Секој од нив во принцип користи различен алгоритам. Повеќето користат "fuzzy and" комбиниран со фактори како што е честотата на појавување на бараните термини, појавувањето како фраза и дали тие се во насловот или на врвот на страната. Рангирањето на популарноста и резултатите се две различни работи. 
     
  • Spiders (пајаци)
    Компјутерски робот-програми нарекувани „crawlers“ или „knowledge-bots“ кои се користат од страна на пребарувачките машини за движење низ World Wide Web просторот преку Интернет, посетувајќи сајтови и бази на податоци. Притоа овие програми добиените информации ги запишуваат во своја сопствена база на податоци и истата ја одржуваат со најнови податоци: додаваат нови страни, ги ажурираат постоечките и ги бришат неважечките. 
     
    Повеќето големи пребарувачки машини оперираат со повеќе роботи истовремено. И во ваков случај, Интернет просторот е толку голем што на овие роботи им е потребно неколку месеци за да го забележат целиот овој простор.

     
Дознај повеќе
Веб Архитект... Услуги... Останати информации...
 
 
 

Изгледот и содржините на овој сајт во целост се изработени со Веб Архитект.
  Copyright ©2002 - 2006 Web Architect® by Login Systems
 
Логин Системи - Развиваме партнерства за заеднички успех