Ви го преставуваме новиот сајт на Акцент Медиа. Одржувајќи го чекорот со светските стандарди и трендови, овој сајт нуди интерактивни содржини и многу информации.
Акцент Медиа Македонија е основана во 1995 година, како прва компанија за надворешна реклама. Оваа компанија е дел од интернационалниот концерн за надворешна реклама ЕПА МЕДИА, Австрија, со седиште во Виена. Денеска, Акцент Медиа е водечка рекламна фирма во Македонија со капацитет до бројка од 2.000 рекламни површини од различни формати. Оваа фирма ги прати современите трендови во надворешното рекламирање и постојано инвестирање со што на својата клиентела и обезбедува најбрз начин да се здобие со предностите од користењето на овој вид медиум. Соработката со тимот на Веб Архитект резултираше со новиот сајт кој има модерен дизајн, прилагоден на светските и домашните побарувачки.
Гледано од аспект на содржината која е поставена на овој сајт, може да се забележи дека Акцент Медиа на посетителите им нуди детални информации за тоа кои рекламни површини најдобро ќе ги престават клиентите и нивните производи. Ова е остварено преку поставување на галерии со избор на слики од новите и најатрактивни локации. Покрај класичните информативни информации за рекламните површини, на сајтот се поставени упатства за подготовка на принт, како и урнеци за изгледот на површините. Исто така оставена е можност посетителите on-line да порачуваат реклами површини за своите кампањи.
Новиот веб сајт на Акцент Медиа го претставува главното мото на оваа фирма, а тоа е секогаш задоволен клиент. Максимална посветеност на работата, за да ви овозможи да бидете задоволни. Вие само препуштете и се на моќта на билбордот, билбордот работи за Вас.
Резиме
Нов сајт на Акцент Медиа, изграден со платформата на Веб Арxитект. Современ пристап во осмислување на концептот на новиот сајт, прилагоден да ги задоволи барањата на посетителите. Сајтот ќе ја зголеми комуникацијата на Акцент Медиа со клиентите и останатите посетители.
Корисник
А.Д. Акцент Медиа
Партнер
Промо дизајн
Предизвик
Неколку предизвици
- Ажурни информации за граѓаните
- Запознавање со производите - рекламните површини
- Можност за комуникација
Решение
Веб Архитект
Придобивки
- Зголемување на бројот на клиенти кои ги користат услугите на Акцент Медиа
- Задоволни постоечки клиенти и нивно навремено информирање
- Можност граѓаните подобро да се запознаат со работата на фирмата
Веб Сајт
www.akzentmedia.com.mk